Навивачи од Македонија, Данска и Франција купуваат најмногу билети за ЕП

Loading...

 

За само една недела продадени се 15.000 билети за натпреварите кои ќе се играат на Европското првенство во ракомет за жени, соопшти организаторот.

Продажбата на билети за континенталното првенство во женска конкуренција, кое во Србија ќе се одржи од 4 до 16 декември, започна на 17-ти септември. 

Натпреварите ќе се играат во четири градови: Белград, Ниш, Нови Сад и Вршац. 

Според организаторот, најголем интерес за билети има за натпреварите коишто ќе се играат во Б групата, во Ниш, а ги купуваат навивачите на Македонија, Данска и Франција. 

Организаторот на ЕП тврди дека за натпреварите во Ниш уште сега се бара билет повеќе.

 

Макфакс

извор: бета 

loading...
Loading...