Мекларен е подготвен да ги исполни желбите на Хамилтон

Loading...

 

Луис Хамилтон и Мекларен се многу блиску до продолжување на соработката, пренесуваат светските медиуми.

Иако Мерцедес не се откажува од Хамилтон, според истите извори, само од германскиот тим зависи дали ќе успее во намерите да го донесе Британецот. 

Наводно, Мекларен му ветил на Хамилтон годишна плата која ќе биде поголема од 12 милиони фунти, не се исклучува можноста, тој да добива одреден бонус за секоја победа, а изгледа во екипата се подготвени да удоволат на најголемата желба на Хамилтон – во негова сопственост да остануваат оригиналните трофеи кои ги добива победникот во секоја трка во Формула 1. 

Мелкарен и Хамилтон биле блиску до наоѓање на „заеднички јазик“ и по прашањето на спонзорските договори. 

Имено, Хамилтон има договор со Рибок и иако екипата не се согласува да ги рекламира конкурентите на компаниите со кои веќе има соработка, наводно биле подготвени на компромис. 

 

Макфакс

loading...
Loading...