Спремај се „МАКЕДОНСКА ФАЛАНГО“ во четврток се пуштаат билетите за со Хрватска и Србија!!!

Loading...

Влезници по цена од 150/400 денари за двата меча од квалификациите на Македонската сениорска фудбалска репрезентација, ќе ги има на сите продажни места на „Тобако“ и „Тугедер“ во земјава.

Во четврток ќе бидат пуштени во продажба картите за натпреварите на Македонската фудбалска репрезентација против селекциите на Хрватска и Србија.

Според информациите, цената на влезниците ќе изнесува 150 денари за гледачите кои би сакале мечевите да ги проследат на трибините зад головите, додека пак цената за централните блокови на јужната и северната трибина ќе изнесува до 400 денари.

Неофицијално, има најава и за присуство на „БББ“ (навивачката група на Динамо од Загреб).

Извор: НоваМакедонија

loading...
Loading...