ФОТО: НАВИВАЈ СПОРТСКИ-БЕЗ НАВРЕДИ И НАСИЛСТВО! / BEJ TIFO-PA OFENDIME DHE DHUNE!

Одлична порака беше испратена од страна на фудбалерите на Шкендија и Тетекс пред почетокот на мечот, останува отворено прашањето дали во иднина ќе се почитува таа порака…

Околу 4000 гледачи беа присутни на стадионот во Тетово на дербито помеѓу екипите на Шкендија и Тетекс.

Пред почетокот на мечот фудбалерите на обата тима застанаа зад транспарентот кој гласеше „НАВИВАЈ СПОРТСКИ-БЕЗ НАВРЕДИ И НАСИЛСТВО!“, но според информациите оваа порака не се примени во текот на натпреварот односно таму за каде беше таа наменета, на трибините. Се вели дека на транспарентот се одговорило со свирежи од трибините…

Според информациите кои ги пренесува „Дневник“ натпреварот и по овие препораки минал со низа недолични скандирања од трибините. Имено, повторно од трибините се навивало на национална основа, а се вели дека на натпреварот имало фрлање на петарди и тврди предмети во теренот пред и за време на натпреварот.

Транспарентот е одличен, препораката исто така, да се надеваме дека наскоро во иднина ќе се примени пораката и на фудбалските натпревари ќе уживаат сите вистински љубители на Македонскиот фудбал, и на спортот општо гледано.

Извор/Фото: Дневник

Пронајдете не на следниве мрежи: