Рингов: Секаков епилог е можен на мечот Македонија-Хрватска

Loading...

 

Фудбалската репрезентација на Македонија, во октомврискиот дел од квалификациите за пласман на Светското првенство ќе игра два натпревари на домашен терен, против Хрватска и Србија.

Своје видување за мечот со Хрватска, кој ќе се одигра на 12. октомври даде еден од легендарните македонски фудбалери Васил Рингов.

„Секаков епилог е можен. Хрватска може да победи, а можеме и ние. На играчите од мојата земја им недостасува искуство кога се во прашање вакви натпревари. Притисокот ќе биде кај нас. Доколку играчите не ги фати паника, не изгорат во желбата, можеме до победа. Сите знаат дека можеме подобро“, ја пренесува изјавата на Рингов порталот „Index.hr“. 

Според Рингов искуството и среќата биле пресудни за исходот на првиот меч на двете репрезентации кој се одигра во Загреб на 7. септември, а на кој Хрватска победи со 1:0. 

„Малку подобра беше хрватската репрезентација, а имаше и малку повеќе среќа, но и тое е дел од квалитетот на репрезентацијата, која победува и кога не игра најдобро“, вели Рингов. 

напаѓач на Вардар смета дека Хрватска е главен фаворит а освојување на првото место во А групата, додека за второто ќе се борат Србија и Белгија. 

 

Макфакс

извор: index.hr 

loading...
Loading...