Најмалку 24 загинати во две тешки сообраќајки во Индија

 

 Најмалку 24 лица загинаа, а преку 40 се повредени во две одвоени сообраќајни несреќи на исток и запад во Индија, соопштија индиските власти.

Во сообраќајна несреќа во западната држава Махараштра на запад на земјата загинаа 17 патници и најмалку 10 се повредени кога патнички автобус паднал во река во Пурна.

Најмалку 40 патници биле во автобусот, а на преживеаните им помогнало локалното население и ги извлекле од реката. Причината за несреќата не е позната, бидејќи возачот бил меѓу загинатите, јавува АП.

Во другата сообраќајна несреќа седум патници загинале, а 30 се повредени кога патнички воз удрил во автобус преполн со студенти во источната индиска држава Бихар. Возот удрил во автобусот додека се обидувал да ја помине железничката пруга во Сиван округот.

Четири патници починале на лице место, додека уште тројца починале подоцна во болница.

Несреќите предизвикале протести, а имало и студенти кои фрлале камења на врз возот, наведува висок полициски службеник.

Макфакс.

Пронајдете не на следниве мрежи: