Наспроти лицемерните обиди на СДСМ да ги придобие студентите кои никогаш не беа во фокусот на нивните политики, затоа што поважна беше криминалната приватизација, грабањето на државниот капитал и отворањето на семејни бизнис, ВМРО–ДПМНЕ има конкретна стратегија за унапредувањето на студентскиот стандард. И токму континуирана реализација и остварување на ветеното е причина за нервозата која владее во СДСМ.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Дарко Каевски
Ниту една паушална прес конференција и прикажување на стари фотографии за условите во домовите, не може да го побие фактот дека Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ е единствената која изгради нови современи сместувачки капацитети, во состав на студентскиот дом Стив Наумов, за што се издвоени 103 милиони денари.
Единствената Влада која ја започна темелната реконструкција на најголемиот државен студентски дом Гоце Делчев и која се реализира етапно и во согласност со предвидената динамика. Па така, целосно е реконструиран и опремен блокот Б за кој се инвестирани 90 милиони денари, а во тек е и реконструкцијата на блокот А, каде половина од работите се веќе завршени. Потоа ќе следи и реконструкцијата на блоковите В и Г, како и на партерот и мензата, со што, сите активности би завршиле во текот на 2017 година.
Дополнително, во насока на модернизација на условите во овие, но и во сите останати државни студентски домови одлучивме да извршиме комплетна замена на инвентарот, за што, во тек е постапка за избор на компанија, со рок за доставување на понуди до 30 мај. Инвестиција вредна 100 милиони денари.
Исто така, ветивме и набавка на нови лифтови во сите државни студентски домови каде има инсталирани и се користат лифтови. Инвестиција вредна 15 милиони денари. Веќе е избрана компанија кој во текот на летниот период ќе изврши достава и монтажа на новите лифтови, а во меѓувреме, интензивни се и подготовките за набавка на перални и сушални за домовите, кои ќе бидат од голема корист за околу 6500 студенти и едно олеснување на студентскиот живот. Најважно е што донесовме одлука за изградба на три целосно нови студентски домови во земјата.
И ова наше ветување почнува да се остварува. За два од нив, во вредност од 5 милиони евра – еден во Скопје на местото на Медицинар и еден во Тетово за потребите на тамошниот државен универзитет, во тек е евалуација на пристигнатите понуди, по што ќе се направи избор на најповолните понудувачи, односно идни изведувачи на градежните работи. Така што, во текот на ова лето ќе започнат и активностите на терен. Истовремено, би сакале и да ги потсетиме младите социјалдемократи, како и нивните привезоци, дека студентскиот стандард е многу повеќе од сместување во студентски домови.
Студентскиот стандард е и можноста која ја обезбедивме за студирање за секој еден граѓанин кој има желба да добие факултетска диплома. Во периодот на мрачната транзиција, вратите на факултетите беа отворени само за децата на новопечените богаташи и партиски олигарси на СДСМ.
Студентскиот стандард се и отворените 2 нови државни универзитети, 25 нови факултети, неколкукратно намалените партиципации за студирање, набавената современа литература од која се учи на најдобрите светски универзитети преведена на македонски јазик, 80-те набавени лаборатории со научна и апликативна дејност, системот на стипендирање кој нуди повеќе до 40 различни видови на стипендии и зголемувањето на износот на голем дел од нив, можноста за финансирање на секоја иновативна идеја преку основаниот Фонд за иновации, поим кој не беше познат за претходните владини гарнитури.
Ете, така се почитува и поддржува основниот двигател на општеството – младите, кои и понатаму ќе бидат приоритет на Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ. Има разлика, СДСМ тоа го знае, ама нема храброст да го признае.Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Дарко Каевски
Ниту една паушална прес конференција и прикажување на стари фотографии