Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со локален повремен дожд. Кон крајот на денот и во вечерните часови се очекуваат пообилни врнежи на повеќе места. Локално ќе има и појава на пороен дожд проследена со грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 12 до 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекува повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
До сабота ќе се задржи претежно облачно време со врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат утре, но и во петок претпладне кога локално ќе бидат и со пороен карактер проследени со грмежи. Во овој период ќе дува умерен повремено и засилен југоисточен ветер, а во сабота ветерот ќе го промени правецот во северен.Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 12 до 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот н