На извршниот состанок на ФИФА, кој во четвртокот се одржа во Цирих, договорена е станицата на натпреварите кои ќе се играат на Светското првенство во Бразил, во 2014 година.
Отворањето на Мундијалот ќе биде на 12. јуни во Сао Паоло, во 17 часот по локално, односно 22 часот по средноевропско време. Финалето ќе биде одиграно на 13. јули, во Рио де Женеиро, во 16 часот по локално, односно 21 часот по средноевропско време.
Натпреварите од првата фаза ќе се играат во 13, 16, 17, 18, 19 и 21 часот по локално време.
Во поголемиот број од градовите кои ќе бидат домаќини на Мундијалот временската разлика изнесува пет часа, единствено временската разлика со Манаус и Кујаба изнесува шест часа.
Во годината кога ќе се игра Светското првенство, ФИФА на состанокот донесе одлука дека сите национални првенства да мора да завршат најдоцна до 19.мај, потоа играчите да имаат задолжителна пауза до 25. мај кога ќе се јават во националните селекции.
Ова нема да важи само за фудбалерите кои ќе играат во финалето на Лигата на шампиони.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: