Легендарниот аргентински фудбалер, Матијас Алмеида, во својата автобиографија, открива многу пикантерии од својата кариера додека играл во Серија А.
Алмеида кој сега е тренер на Ривер Плејт, во книгата пишува, дека тој и неговото семејство, додека бил играч на Парма добиле закани од мафијата.
„Се скарав со сопственикот Стефано Танци и неколку денови потоа едно утро забележав дека ми ги нема автомобилот. Исто му се случи и на Саво Милошевиќ, кој како и јас имаше најголема плата во тимот. Тука на проблемите не им беше крај, еден ден кога се вратив дома ја затекнав сопругата како плаче, на ѕидот беше испишана заканувачка порака, од страна на мафијата. Сопругата поради тоа предвреме се породи“, пишува Алмеида пренесува „Telegraph.co.uk“.
Поранешниот репрезентативец на Аргентина негира дека учествувал во местење на натпревари во Серија А, но во книгата изнесува занимливи детали за натпреварот Парма-Рома одигран во 2001 година.
„Неколку играчи од тимот ми кажаа дека Рома сака да им го пуштиме натпреварот. Одбив, а истото го сторија уште неколкумина, меѓутоа на теренот забележав дека некои играчи не играат како вообичаено. не можев тоа да го гледам, побарав измена и заминав во соблекувалната. Пари? Не знам дали го добија, тие тоа го нарекоа „услуга„“, стои во книгата на Алмеида.
Сегашниот тренер на еден од најславните аргентински клубови, во автобиографијата пишува и за допингот.
„Ни даваа пред натпреварот некои витамини, кога ќе ги добиев мислев дека можам да скокнам до таванот. Ништо не прашувавме, подоцна некои играчи починаа поради проблеми со срцето, а некои имаа проблеми со повредите“, заклучува Алмеида.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: