1. Вашите животни цели
Ако сте со некој кој не сака да ги следите вашите соништа, тогаш сте во погрешна врска. Никој не треба да ве тера да се откажете од вашата кариера или од целите за да имате заедничка иднина. Единствената личност која може да донесува одлуки за вашата кариера и животни цели сте само вие. Ако вие и вашиот партнер имате различни цели кои можеби ќе ви ги разделат патиштата, потребно е да најдете нешто што ќе ви одговара и на двајцата. Никој не треба да се откаже од соништата.
2. Вашата независност
Без разлика колку време сте заедно, па дури и ако имате семејство, некои работи се свети, како вашата независност. Се разбира, во врската треба да го земете предвид и партнерот, а често ќе донесувате и заеднички одлуки. Но, ова не значи дека треба да се откажете од целата приватност и од вашето право некои работи да ги правите сами. И вие и вашиот партнер нормално е да имате животни надвор од врската, дури и кога градите заеднички живот.
3. Вашите пријателства Денот има ограничен број часови, па понекогаш е тешко да најдете време за работа, за вас, за пријателите, за семејството и за партнерот. Кога сте во врска можеби нема да можете толку често да ги гледате пријателите, и тоа е во ред. Но, ако партнерот прави да се чувствувате лошо бидејќи поминувате бреме со пријателите или семејството, тогаш настанува проблем. Во здрава врска со партнер кој ве сака, нема потреба да ги жртвувате вашите пријателства.
4. Вашиот идентитет
Промените се нормална работа, особено кога созревате и искусувате нови нешта во животот. Вашиот идентитет постојано еволуира додека учите за личноста којашто сте и личноста која сакате да станете. Она што не е здраво е целосно да се изгубите кога сте во врска. Никогаш не треба да го менувате вашиот идентитет за љубовта. Ако врската прави да заборавите кои сте навистина, можеби не сте со совршениот партнер. Без разлика колку долго сте заедно, не откажувајте се од работите кои ве прават вас.
5. Вашите хобија и интереси
Кога сте во врска нормално ќе поминувате време со партнерот, па можно е да изгубите голем дел од вашето слободно време. Но, ако партнерот бара премногу од вашето време што немате кога да се посветите на нештата што ги сакате, внимавајте. Покрај тоа, ако партнерот прави да се чувствувате лошо бидејќи се занимавате со некое хоби или не ви дозволува да им се посветите на вашите интереси, тоа е голем проблем. Заслужувате да бидете со некој кој целосно ве поддржува и кој сака да правите нешта што ве прават среќни.
6. Вашите радост и здравје
Ниту една врска не треба да биде ризик за вашата среќа или за вашето здравје. Ако врската има лошо влијание на менталното здравје, ве повредува на каков било начин или ве тера да верувате дека не заслужувате да бидете среќни, тоа не е врска за вас. Без разлика колку се силни вашите чувства кон некого, ако партнерот прави и кажува нешта кои се штетни за вас и ве прават несреќни, можеби е време за крај. Никогаш не треба да ја жртвувате среќата за друг. Партнерот кој ве сака никогаш нема да го побара тоа од вас. Зарем врските не треба да ве направат посреќни?
Без разлика на сè, вие заслужувате да бидете со некој кој ќе ви помогне да созреете, а не некој кој ќе очекува да жртвувате сè за него. Тоа не е љубов.