Пилешко со ѓумбир

Викеднов доаѓаат неговите родители на ручек и Вие сакате да се прикажете во одлично светло, како добра идна или веќе постоечка снаа, а знаете дека кулинарството и не е баш Вашата најсилна страна? Секој Ваш обид за успешно зготвен ручек во кујната резултираше со пресолен, прекисел или пак изгорен специјалитет? Без грижи, се што треба да направите е да се водите по одреден рецепт, каде што детално е опишан процесот на приготвување на ручекот. Доколку не послушате сигурно ќе остварите успешна мисија.
Рецептите се најпримарниот прирачник и водач за оние коишто не знаат што да зготват за време на празничните денови, семејните собири и слично. Затоа за денес ние ви го издвоивме овој неверојатен рецепт за приготвување на пилешко со ѓумбир. Се надеваме дека ќе ви се допадне и дека ќе ви ја олесниме работата во кујната.


Потребни состојки:
– 150 гр. пилешки гради
– 50 гр. ѓумбир
– 50 гр. буковки
– млад кромид
– црвена пиперка
– вода за полевање
– 1 средна главица кромид
– соја сос
– 1/2 лажица кафеав шеќер
– бибер и сол по вкус
– масло за готвење
– 100 гр. кинеска мешавина на зеленчук


Начин на подготовка:
Исчистете го ѓумбирот и исечкајте го пилешкото месо на мали парчиња. Буковките, пиперката и младиот кромид исечкајте ги на ленти, а стариот кромид исечкајте го на ситни парчиња. Потоа во загреана тава додадете малку масло, а потоа ставете го пилешкото за да се пропржи и посолете. Веднаш потоа додадете ги кромидот, кинескиот микс на зеленчук, пиперката, ренданиот ѓумбир и буковките. Вака приготвениот специјаитет зачинете го со сол, бибер и соја сос по вкус, а доколку сакате можете да додадете и кафеав шеќер. Веднаш потоа оставете го месото на тивок оган за да се издинста, а на крајот додадете го младиот кромид.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.