Се омажи актерката Ен Хатавеј

Loading...

 

Познатата американска актерка 29-годишната Ен Хатавај во Калифорнија се венчала со 31-годишниот актер и дизајнер на накит, Адам Шулман.

Венчавката на оваа холивудска двојка е одржано во Биг Суру, на калифорнискиот брег, а на неа присуствувале околу стотина гости.

Двојката е заедно од 2008 година, а се верија во ноември 2011 година.

Ен Хатавеј стана познатата по улогата во филмот „Ѓаволот носи Прада“, а беше номинирана за Оскар за ролјата во филмот „Rachel’s Getting Married“.

Последната улога ја имаше во филмот „Les Misérables“ снимен според истоименото познато дело „Клетници“ на францускиот писател Виктор Иго. Премиерата на овој филм се очекува во текот на октомври.

Макфакс

 

loading...
Loading...