недела, 22 ноември 2026
Најново

Шестмина загинати при пад на авион во Австрија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Шест лица загинаа, а две други се повредени денеска при уривање на мал туристички авион во австриската покраина Тирол, соопшти локалната полиција.

Авионот од типот „Цесна“ летал од аеродромот во Инсбрук кон шпанскиот град Валнесија, но набрзо по полетувањето се урнал во една шума и се запалил.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Причините за несреќата не се познати, но се претпоставува дека пилотот изгубил контрола врз леталото. Во време на несреќата во реонот имало густа магла.

Во авионот имало осум патници и членови на екипажот, сите државјани на Австрија.

Поврзани вести