Како се однесуваат хороскопските знаци на Фејсбук?

Фејсбук е една од најпопуларните социјални мрежи, која е погодна за откривање на некои карактеристики на луѓето кои се членови.
Затоа нека не ве чуди што на основа на Фејсбук може да се одредат некои карактеристики на хороскопските знаци, но и обратно. Погледнете како се однесуваат хороскопските знаци на Фејсбук.
Овен
Припадниците на овој знак се препознатливи на Фејсбук по тоа што се насочени кон себе и токму тие се оние кои ги обработуваат нивните фотографии во Фотошоп за да изгледаат совршено. Тие мора да бидат во тек со сите случувања, па често ги проверуваат настаните. Исто така, не одобруваат што било да им се објави на нивниот профил додека тие не го проверат тоа, па затоа не е чудно кога ќе се налутат, да го избришат својот профил, а потоа да направат нов.
Бик
Кога на Фејсбук ќе видите фотографии од луксузни работи, храна и места, тогаш бидете сигурни дека е во прашање личност која е Бик во хороскоп. Ним им се досадни пријателите кои објавуваат досадни стихови и песни, но затоа ги следат трендовите и голем број групи. Не објавуваат често свои фотографии, но затоа ќе ги избришат туѓите објави, фотографии и коментари доколку не им се допаѓаат. Најчесто се означуваат на патувања и на разни необични места.


Близнаци
Близнаците се оние кои се во состојба да нè бомбардираат со своите фотографии, но и со фотографии од нивните деца или партнерот. Тие редовно нè известуваат за сите нивни емоционални состојби, па често ги нервираат останатите, бидејќи овие не сфаќаат дека Фејсбук за Близнаците е само чиста разонода. Освен тоа, сакаат што преку него може да комуницираат со други луѓе, па затоа поштенското сандаче им е секогаш полно.
Рак
На Раковите во суштина Фејсбук им е досаден, но кога се активни на оваa социјална мрежа, тогаш нивните објави најчесто се противречни – од весели и оптимистични па сè до „ќе ве убијам сите“ објави. Оваа мрежа им служи за да ги следат луѓето со кои изгубиле контакт, но и во тоа не се премногу активни. Сепак, ќе се пофалат со работи кои им значат, како што се роденденот на нивното дете, новата врска или пак брак.
Лав
Лавовите сакаат да привлекуваат внимание, па често ги бомбардираат своите пријатели со објави и фотографии на кои многупати се во секси пози. Редовно ги следат туѓите профили, ги „лајкуваат“ фотографиите и објавите на сите, а со некои луѓе ги одржуваат односите исклучиво преку социјалните мрежи, кои како да се создадени за нив. Најчесто имаат и многу пријатели.
Девица
Девицата ги следи трендовите и сака да биде во тек со сите настани, но на Фејсбук не ја открива нејзината приватност. Нив ќе ги забележите како коментираат на актуелните социјални и политички теми, а ќе бидете среќни ако воопшто најдете нивни лични фотографии. Тие се толку мистериозни, што нема да се означуваат каде се, бидејќи не сакаат другите да им навлезат во нивната трага.
Вага
Фејсбук профилот на личноста која е Вага во хороскоп е убав и шаренолик, секогаш со уметнички и апстрактни слики, додека тие сами на своите фотографии користат разни филтри, бидејќи сакаат да изгледаат поразлично. Имаат многу пријатели, но сепак не ги користат толку многу социјалните мрежи како што изгледа. Омилена активност им е блокирање луѓе, додека често после прегледувањето на туѓите објави сфаќаат дека Фејсбук е навистина досаден.

Шкорпија
Шкорпиите се делат на два вида – оние кои претерано ги користат социјалните мрежи и ониe кои имаат профили чисто онака. Првите ќе објават сè за да ги воодушеват големиот број пријатели со духовити или паметни забелешки за социјалните трендови или настани. Другите пак, имаат строго ограничени поставки на приватноста, па никој не може да види што имаат на нивниот профил.
Стрелец
Припадниците на овој знак се најчесто оние што објавуваат духови постови, решаваат разни комични тестови на личноста и пишуваат забавни коментари на туѓите статуси и фотографии. На нив социјалните мрежи им се вистинска забава, иако понекогаш сакаат да стават свои заводнички слики за да го зголемат своето его. Имаат многу пријатели, но во глобала, Фејсбук за нив нема големо значење.
Јарец
Јарците секогаш водат сметка за тоа каков впечаток им оставаат на своите пријатели, па ќе им се налутат на оние кои на нивниот профил ќе постават некоја дискриминирачка фотографија или коментар. Не објавуваат често постови и фотографии, бидејќи не сакат да излезат како оние што постојано „висат“ на Фејсбук, но се редовни во проучувањето на она што го прават другите. Профилите ги користат најчесто за промовирање на работните активности, туѓи или свои и ги одбиваат понудите за пријателство од личностите што не ги познаваат. Исто така, го кријат својот љубовен статус.
Водолија
Припадниците на вој знак, исто како Стрелците, најчесто објавуваат смешни видео записи, фотографии и вицови. Сакаат да праќаат пораки, па со нив може да заведуваат или само да го „загреваат“ пријателството. Постојат периоди кога се активни секојдневно, а потоа со месеци не го отвораат својот профил. Своите фотографии ги ставaат од забава и скоро да не им е важно како изгледаат, туку најбитно им е да се поразлични.
Риби
Како еден од најкреативните знаци, на Рибите им е најважно нивниот профил да изгледа оригинално. Ставаат фотографии на кои се со своите пријатели и со семејство, но не такви каде што се сами, бидејќи не сакаат да привлекуваат внимание. Но, доколку сакате да дознаете нешто повеќе за нив од социјалните мрежи, обидот ќе ви биде залуден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.