Бунтовниците убија повеќе од 17 жители на сириско село во Холмс

Најмалку 17 луѓе се убиени во неделата наутро, во „масакрот изведен од терористите“, во селото Ал-Хејдари, во близина на градот Ал-Кусаир, во провинцијата Хомс, јави државниот телевизиски канал Surya.

„Вооружени терористи го нападнаа селото, ракетирајќи го со минофрлачи и автоматско оружје. Како резултат на нападот, повеќе од 17 негови жители се убиени, а други се земени како заложници. Бројот на жителите одведени од бунтовниците сѐ уште не се знае…“, се вели во информацијата на телевизијата во којашто се додава дека повеќето од куќите во селото биле ограбени.

Причината за нападот на бунтовниците врз селото Ел-Хејдари засега не е позната. Сепак, се претпоставува дека тоа е поврзано со фактот дека жителите на ова село се припадници на верската заедница муршиди, следбеници на Салман Муршид, фракција од поранешни алавити.

Алавитите (струја во шиитскиот ислам) сочинуваат околу 10 отсто од населението на Сирија. Тие сочинуваат значаен дел од сириската политичка и воопшто општествена елита, на коишто им припаѓа и сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: