Металург против Шамбери ја потврди високата класа

Loading...

Ракометарите на Металург со победа стартуваа во Лигата на шампиони, откако на гостински терен го совладаа Шамбери со 33:30 (15:13).

Играчите на македонскиот првак, на теренот на вицепрвакот на Франција, одиграа речиси перфектен меч, сите линии во тимот функционираа беспрекорно, не дозволувајќи му на домаќинот во ниту еден момент сериозно да се закани. 

Наумче Мојсоски со седум гола беше најефикасен играч на натпреварот, во редовите на Металург по пет гола постигнаа Манасков и Батиновиќ, а Вугринец на своето деби во дресот на македонскиот првак постигна четири гола. Башиќ и Пати со по шест погодоци беа први стрелци кај Шамбери. 

Следниот натревар во Лигата на шампиони, Металург ќе го одигра во сабота, кога во Скопје ќе го пречека Горење Велење. 

Макфакс

loading...
Loading...