Вардар поуспешен од Пелистер во дербито!!!

Екипата на Вардар со резултат 3-1 го доби дерби дуелот од последниот меч во ова коло на Првата Македонска Фудбалска Лига.

Вардар го доби големото дерби, иако Пелистер беше на прагот да извлече бод од „Филип Втори“ сепак Вардарци го добија дуелот со солидна предност.

Петров во 44-тата минута од мечот ги доведе домаќините во предност од 1-0. Тоа беше резултат од првиот дел на овој меч.

Во вториот дел Пелистерци преку Главевски во 51-вата минута израмнија на 1-1, што беше најава за интересна завршница.

Интересно, големото дерби беше решено во последните минути од мечот.

Имено, Таневски во 87-мата минута од мечот го доведе Скопски Вардар во предност од 2-1, а само 3 минути подоцна Костовски ги постави конечните 3-1 на овој меч.

Останати резултати од ова коло во ПМФЛ…

Дрита-Силекс 2-1

Турново-Работнички 3-0

Напредок 2-1

Тетекс-Металург 0-1

Вардар-Пелистер 3-1

Пронајдете не на следниве мрежи: