Извештај од дербито во Скопје: Проблеми на дербито во Скопје, инциденти, тепачки, судири со полицијата…

Според она што го дознава „Пулс24“ едноставно дербито поминало со големи проблеми како на трибините, така вон трибините.

Инциденти го одбележаа големото дерби во Мак-фудбалот, дуелот помеѓу Скопски Вардар и Битолски Пелистер.

Имено, при самото пристигнување на битолските навивачи во Скопје, веќе започнале проблемите, Битолчани се судриле со жители на Чаир, односно избил инцидент кај Т.Ц. „Мавровка“.

На полувремето од мечот, членови на навивачката група „Комити“ се впуштиле да одземат транспарент на навивачката група „Чкембари“ при што биле спречени во таа намера.

Од она што го дознава „Пулс24“, инциденти имало и по мечот, односно групата симпатизери од Битола влегла во голем судир со полицијата веднаш по завршување на мечот.

Од другата страна, „Комити“ имале мал судир со полицијата на „Филип Втори“, поради тоа што вратата на „Запад“ била затворена па настанал мал револт кај Скопските навивачи.

Пронајдете не на следниве мрежи: