Никола Карабатиќ и уште 11 лица приведени од француската полиција

Loading...

Неколку ракометари на Монпеље, меѓу кои се наоѓа и еден од најдобрите светски ракометари, Никола Карабатиќ, поради наводно местење на натпревари се приведени од страна на полицијата во Париз.

Покрај Никола Карабатиќ приведени биле и неговиот брат Лука и францускиот репрезентативец Самјуел Онрубија, како и играчот на ПСЖ српскиот интернационалец Младен Бојиновиќ, кој минатата сезона играше за Монпеље. 

Француските медиуми пишуваат дека ракометарите биле испрашани и спроведени во полиција, не е познато дали им е одреден притвор, а поедини светски медиуми пишуваат дека уапсени се Карабатиќ и Бојиновиќ.  

Споменатите ракометари се сомничат дека го наместиле натпревареварот од минатото првенство против Рен, каде загубија со 31:28. Коефициентот за победа на Рен на тој натпревар изнесувала 45.  

Телевизијата „France 3“ откри дека супругите и девојките на осуммина играчи, како и уште неколкумина вработени во клубот, во три обложувалници во Франција уплатите вкупно 5.000 евра на пораз на Монпеље, што им донело вкупна заработувачка од 200.000. 

Акцијата требало да биде спроведена во понеделник, во Монпеље, но француската полиција решила да ја забрза работата и да ги уапси ракометарите по мечот ПСЖ-Монпеље, во салата „Пјер де Кубертен“.

 

Макфакс

loading...
Loading...