За се што ми се случува во животот – сама сум одговорна!
Сите бараат виновник и секој во животот, барем еднаш, бил обвинет за нешто. И јас сум го правела истото, се додека не станав свесна за одговорноста и се што ми се случува. А, всушност се што ми се случува – се наоѓа во мене.
Прекрасна вест, напишав на лист хартија, затоа што ако тоа му го кажев некому веднаш ќе ме нападнеа. За се што денес гледам во својот живот – одговорна сум сама самата.
Свесна сум дека немам кому да ја префлам одговорноста за тоа.
И самата понекогаш останувам изненадена колку е се едноставно во животот, а ние луѓето самите се комлицираме. Дури сметаме дека и светот треба да го поправиме, па размислувам еден ден да напишам и книга за овој толку интересен живот.
Најдобро се чувствувам кога некој ќе ми каже дека имам среќа. Да, во право се. Имам среќа затоа што сфатив дека сама сум одговорна за својот живот.
Сметате дека некој нешто ви прави со скриени намери? Дека заради некој друг вашиот живот е таков каков што е?
Сметате дека некој друг создал се што денес имате и гледате – вашето здравје, домот во кој живеете, вашите односи со луѓето…
Замижете, сконцентрирајте се и нурнете во своите мисли. Пред вас веднаш ќе се појават последиците и емоциите кои ги предизвикуваат мислите.И уште нешто.
Доколку сте заталкале, брзо можете да се вратите на вистинскиот пат. Како, па многу лесно – односно така што во себе ќе ја пронајдете причината за својот немир, дисбалансот во кој сте се нашле, и секое чувство ќе го прифатите или отфрлите со љубов.
Сами зацелето го својот живот како што го лекувате организмот или некој негов орган. Сите околу вас, му благодарам на Бога, го прават тоа.