Познати каратистите кои ќе учествуваат на Мундијалот во Париз

 

Во неделата во Скопје се одржа вториот турнир за избор на сениорската национална карате репрезентација на Македонија, која ќе учествува на Светското првенство во Париз.

Најдобрите четири спортисти од секоја тежинска категорија ги одмерија силите и прво рангираните обезбедија место во националниот тим. 

Најдобрата македонска каратистка Наташа Илиевска ќе ги предводи девојките на Мундијалот во Париз, таа ќе настапи во категоријата до 55 килограми. 

Покрај неа место во репрезентацијата изборија Сара Радичевска (до 50 килограми), Симона Заборска (до 61 килограм), Румена Балчевска (до 68 килограми) и Марија Јованова (над 68 килограми). 

Кај мажите место во репрезентацијата изборија Филип Ѓурчиновски во категоријата до 60 килограми и Дејан Црничиќ во категоријата до 67 килограми. Светското карате првенство, во Париз, ќе се одржи во ноември годинава.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.