Северна Кореја предупредува на нуклеарна опасност

Северна Кроеја смета дека американската политика кон неа го направила корејскиот полуостров најопасно место на планетата  а една искра може да доведе до нуклеарна војна, изјави висок претставник во неговиот говор пред Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Еден од последните говорници на годинешното Генералното собрание на Обединетите нации на претставниците на 193 земји во светот, заменикот на севернокорејскиот министер за надворешни работи Пак Кил-Јон во својот говор ја осуди политиката на САД, искажувајќи пофалби за новиот млад лидер на оваа комунистичка земја, Ким Јонг-Ун.

„Денес, поради продолжувањето на непријателската политика на САД кон Демократска Народна Република Кореја, злиот круг судирање и зајакнување на тензиите се шири на корејскиот полуостров, кој стана најопасното место на светот, каде што една исрка може да предизвика термонуклеарна војна“, изјави Пак.

Говорејќи за севернокорејското нуклеарно „одвраќање“, Пак изјави дека станува збор за „моќно оружје во одбрана на националната сувереност“

Северна Кроеја е изложена на санкции од Советот за безбедност на ОН поради нуклеарните проби што ги изведе во 2006 и 2009 година. Годинава западните сили изразија голема загриженост поради можното повторниот нуклеарен обид во земјата, кој меѓутоа и покрај најавите на Пјонгјан не беше извршен.

Северна Кроеја од поодамна тврди дека е принудена да поседува нуклеарно оружје во самоодбрана поради непријателската политика на САД, коишто имаат воени бази во соседна Јужна Кореја и во Јапонија.

Заменик министерот Пак, исто така, нагласи дека народот на Северна Кореја стои зад својот водач, кој дојде на власт по смртта на неговиот татко Кум Јонг-Ун кој почина во декември 2011 година.

„Нашиот драг почитуван маршал Ким Јонг0Ун цврсто е одлучен на нашиот народ, кој надмина многу неволји, му овозможи уживање во среќен живот до бескрај во напредна социјалистичка држава“, порача севернокорејскиот функционер.

„Нашиот народ го следи нашиот мил почитуван маршал Ким Јонг-Ун со целосна доверба во него и решително напредува кон конечна победа со целосно убедување и оптимизам во иднината, еднодушно и единствено со него“, дополни заменикот на севернокорејскиот министер за надворешни работи на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: