Кралско потекло и во Холивуд!

По се изгледа, со право холивудските ѕвезди се однесуваат како благородништво. Некои од нив навистина и потекнуваат од Британски кралеви и кралици. Додека многумина од нас, сонуваат за тоа како би било да си дел од некое благородничко семејство, некои навистина и се. Иако доколку го гледаме секое семејно дрво, може да произлезе дека многумина имаат некаква поврзаност со тие што владееле во минатото.

Дознаваме за неколку славни личности кои сигурно би ве изненадиле ( а може и не) дека иако живеат неколку илјади километри подалеку од Велика Британија, сепак можат со тврдат дека се потомци на познатото англиско благородништво.

Jonny Depp

Доколку се разгледа семејното дрво на Jonny Depp, може да се забележи дека тој е далечен роднина на Кралицата Елизабета II. Според истражувањата на генеологот Др. Ник Барат, ѕвездата на Пиратите од Карибите, по линеарно потекло е потомок на Нејзиното Височество иако не одат на одмор заедно. Според истражувањата Jonny Depp е 20ти далечен братучед на Кралицата.

Исто така, меѓу познатите личности кои се поврзани со денешното Британско благородништво се Еllen DeGeneres, која е 15ти братучед со војвотката Кејт Миделтон, и Robert Pattinson кој е далечен братучед на принцовите Вилијам и Хари.

Brad Pitt

Очигледно добриот изглед од црвениот тепих, Бред го добил од од неговиот предок Кралот Хенри II, кој владеел во Англија од 1154-1189. Од неговата мајчина страна, тој е поврзан со кралот кој во тоа време владеел и со Англија и со делови од Франција. Кралот Хенри е познат по својот цврст и силен карактер и упорност.

Но Бред не е единствениот потомок на Кралот. Имено според истражувањата, Paris Hilton е истотака роднина на кралот по таткова страна.

Од друга страна, поубавата страна на Brad Pitt, Angelina Jolieсе верува дека е има наследничка нишка со Кралот Филип II од Франција. Зарем не изгледаат навистина како кралски пар?

Brooke Shields

Не е тешко да се верува дека Brooke Shields потекнува од некое благородничко семејство. Имено таа потекнува од италијанска аристократија, но исто така има потекло и од кралски семејства од Англија и Франција. Исто така, таа има директно потомство со англискиот крал Хенри IVи Кралот Луј XIV од Франција.

Barack Obama

Додека Претседателот Обама, ја има можеби најмоќната улога во светов, неговите предци исто така не биле обични луѓе кога се работи за лидерски позиции. Се верува дека Обама, има корени кои се протегаат до Кралот Едвард I од Англија. Тој е исто така роднински поврзан со Кралот Вилијам Лавот од Шкотска, кој  владеел во Ирска од 1002-1014 и чиешто име ќе се прослави по повод 1000тата годишнина од неговата смрт на битката кај Клонтарф.

Актерката Ума Турман исто така е далечен потомок на Кралот Едвард I од Англија по својот татко.

Ellen DeGeneres

Освен што е роднина со Војвотката од Кембриџ, DeGeneres се верува дека е директен потомок на Кралот Едвард III кој владеел од 1327 до неговата смрт во 1377 и кој е познат по многуте успешни воени успеси во Англија.

Други славни личности кои се потомци на Кралот Едвард III се Hilary Duff, Michael Douglas and Laura Dern, како и филмските легенди Audrey Hepburn и Humphrey Bogart. Зарем не би бил тоа фасцинантен кралски портрет

Пронајдете не на следниве мрежи: