АМС со осуда на инцидентите на мечот меѓу Вардар и Пелистер

Loading...

 

Агенцијата за млади и спорт најостро ги осудува инциденти предизвикани на натпреварот од Првата фудбалска лига на Македонија помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер.

„Уништувањето и демолирањето на фудбалската арена “Филип II Македонски”(градена со средства од сите граѓани на Република Македонија) од страна на навивачите нанесува само недоместлива штета на фудбалот и спортот во Република Македонија. Агенцијата за млади и спорт бара целосно почитување на одредбите од Европската конвенција за насилството и недостојното однесување на гледачите за време на спортските натпревари, особено на фудбалските натпревари”, се вели во реакцијата.

Од АМС најавија свикување на Националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени.

 

Макфакс

loading...
Loading...