Федерер ќе игра на Мастерсот во Шангај

 

Светскиот рекет број еден, Роџер Федерер, потврди дека ќе учествува на Мастерс турнирот во Шангај, кој на програмата е од 7-ми до 14-ти октомври.

Швајцарецот последните неколку сезони не учествуваше на турнирите во Азија, но оваа година се премисли и реши да се појави на еден турнир на овој континент. 

„Фантастично е чувството дека повотрно ќе играм во Шангај, многу го сакам овој град. Имав големи успеси на овој турнир, се надевам дека и оваа година ќе биде возбудливо“, рече Федерер. Тој досега шест пати учествувал на овој турнир, а кога играше последниот пат стигна до финалето во кое загуби од Енди Мареј. 

Мастерсот во Шангај ќе биде исклучително силен, бидејќи учеството го потврдија Новак Ѓоковиќ, кој лани не играше поради повреда, и Енди Мареј актуелниот олимписки шампион.

 

Макфакс

извор: Federer, Djokovic, Marej, Masters

Пронајдете не на следниве мрежи: