Грција шеста година ја чека рецесија

Loading...

Грција и наредната година ќе забележи пад на економските активности, шест година по ред, при што се очекува пад на БДП од 3,8 отсто и буџетски дефицит од 4,2 отсто, предвидува грчкото министерство за финансии.

„Владата планира да ја извлече државата од мочуриштето што е можно поскоро и да остане во еврозоната“, изјави заменик министерот за финансии Христос Стајкурас.

Ресорното министерство за наредната година најавува мерки за кастрење на потрошувачката со цел да заштеди 7,8 милијарди евра со цел да се намали буџетски дефицит, кој годинава треба да достигне 6,6 отсто.

макфакс

 

loading...
Loading...