Состојки
400 гр. брашно
200 мл. јогурт
2 помали јајца
1/2 лажичка сода
300 гр. спанаќ
на вкус сирење
3-4 лажици масло
Брзи полнети тиганици
Најпрво спремете го полнењето. Исецкајте го ситно измиениот спанаќ, ставете малку сол, а доколку ви е солено сирењето и не мора. Истискајте го со раце, додадете ронето сирење и масло, измешајте убаво.
– Измешајте ја во брашното солта, додадете го јогуртот, а врз него ставете ја содата. Почекајте да се запени и почнете да месете додавајки ги лесно сматените јајца. Измесете тесто кое не се лепи за рацете.
– Поделете го тестото на толку делови колку што ќе сакате да бидат големи тиганиците. Расукајте или со рака направете кора не многу тенка. На средината ставете од спремениот фил оформен како топче, покријте со тестото подигајки ги краевите кон средината, убаво притиснете, повторно расукајте кора. Така постапете со сите кори.
– На тивок оган загрејте малку масло и ставете да се пржат.
Напомена
– Полнењето можете да го правите од што сакате. Продготовката е толку брза – за кратко време ќе имате убав доручек. Јајцата не ги ставајте одеднаш. Ако е поголемо јајцето немалку пати ми се случило да искористам само едно, ако се помали тогаш се две.