Една недела јадела како Ариана Гранде: „Не знам како успева да преживее еден ден“

 

Ариана Гранде без сомнеж ќе остане запишана во историјата како една од најславните пејачки на 21-ви век. Од друга страна, таа е една од физички најситните пејачки на денешницата. Наводно е висока 160 сантиметри и тешка само 47 килограми.
Тајната на нејзината витка линија, но и енергичност која ѝ е потребна за да биде на врвот е во веганската храна.
Нејзиниот тренер Херли Пестернак, за магазинот „Glamour“ ја објаснил нејзината исхрана како „јапонска макробиотика“.

 

 

View this post on Instagram

 

you’re like really pretty

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) on


Новинарката Марлин Ла Џунес, од Инсидер одлучила седум дена да јаде како Ариана Гранде.
„Отидов по намирници во „Trader’s Joe“ и заборавив дека никогаш не смеете да влезете во маркет гладни. Можеби купив премногу работи. Јас сум чест потрошувач во „Trader’s Joe“, откако со мајка ми се преселивме. Тоа е најдобар маркет за луѓе кои нешто не смеат да јадат, особено за вегани, кои имаат избор од евтини и вкусни опции. Како што Гранде ја следи јапонската веганска диета, ја наполнив количката со јапонски пржен ориз, ужина од пилешко месо со портокалови пролетни ролнички. Ставив еден куп боровинки и зеленчук, за да издржам наредните седум дена. Насред селење сум, што значи дека ми треба многу сила.
Наместо смути за појадок, избрав „Cheeriose“ со јаболко и цимет, кои се вегански (претпоставувам дека белиот шеќер не е проблем). Гранде веројатно не јаде цела порција житарици бидејќи има проблеми со шеќерот, но јас сум мрзелива па морав да го изедам тоа.
Денот завршува, а јас речиси целосно заборавив да јадам, бидејќи поголемиот дел од денот се пакував и ја избегнував работата. Избрав замрзнати боровинки и чипс од банани за да издржам до вечерта“, го опишала Марлин првиот ден и додала дека на крајот ги изела сите пет пролетни ролнички кои ги купила.

 

View this post on Instagram

 

🙂

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) on


Вториот ден си ветила дека нема да биде мрзелива кога станува збор за готвењето и дека ќе јаде три оброци дневно.
Гранде сака денот да го запичне со овесни снегулки и смути.
„Сепак, избрав акаи бобинки со банани, јагоди и боровници. Беше вкусно и заситно. Изедов малку чипс од банани, бидејќи ми се јадеше. Цело утро барав нов стан и бев прегладна за да издржам до дома. Јадев надвор вегетаријанско бурито без сирење. Во менито пишуваше дека гравот и оризот се подготвени на вегански начин, но сама проверив дали е вистина. Со тоа се напив лимонада со јагоди и домашен чипс од тортиља. Подоцна се напив кафе со соја млеко. Гранде наводно сака Старбакс големо Фрапучино со ванила, но тоа ми беше премногу благо“, опишала Марлин.
Неделата успешно ја завршила со режимот за исхрана на Ариана, но нејзиниот коментар сепак бил дека ѝ се восихитува, но и чуди на Ариана на храброста и издржливоста, бидејќи оваа диета ја прогласува за една од најтешките диети. Марлин се прашува како Ариана успева да преживее со толку чудна и несекојдневна храна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.