Лења пита со јаболки

ЗА ТЕСТО
650 г брашно
150 г шеќер
250 г маргарин
200 мл кисела павлака
2 јајца
1 прашок за пециво
ЗА ФИЛ
1,5 кг јаболка
4 лажици гриз
150 г шеќер
1 кесичка цимет
100 г шеќер во прав
Измешајте 2/3 од брашното со состојките за тестото. Постепено додадете го преостанатото брашно и замесете тесто. Оставете го 1 час во фрижидер. Поделете го на 2 дела. Од првиот дел развлечете кора и ставете ја во тава за печење.
Излупените и изрендани јаболки измешајте ги со шеќерот, гризот и циметот. Ставете го филот на кората во тавата. Врз него ставете ја втората развлечена кора тесто. Печете 40 минути на 180 степени. Исечете на парчиња и наросете со шеќер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.