Биолозите открија како пајаците ја плетат мрежата за ловење

Оригиналната стратегија на ткаењето мрежи им овозможува на американските домашни пајаци да плетат нишки во рамка. Нивните влакна за стапиците се направени од ист материјал, со што значително се поедноставува животот на овие членконоги ловци.

Во студијата објавена во научниот магазин Nature Communications, билозите пишуваат дека пајажината го привлекува вниманието на многу инженери, биохемичари и обичните биолози. Првите ги интересираат карактеристиките на плетката, вторите – хемискиот состав на нишките, а билозите – приспособувачкиот механизам кој пајаците го користат за нејзината изградба. Научниците веруваат дека „копирањето“ на вештините на пајаците ќе помогне да се создадат нови тешки оклопи и исклучително отпорни инженерски конструкции.

Тимот биолози предводени од Али Дхиноџвала од американскиот универзитет во градот Акрон, следел како домашните американски пајаци (Achaearanea tepidariorum) ја ткаат својата мрежа за ловење.

Како што објаснуваат биолозите, овие членконоги ловци се од фамилијата пајаци коишто плетат сложени „тродимензионални“ мрежи. Тие се состојат од голем број одделни компоненти, чијшто карактер и цел се малку проучувани.

Дхиноџвала и неговите колеги се обиделе да одговорат на ова прашање со испитување на стратегијата на ткаењето мрежа на Achaearanea tepidariorum-от. Авторите на статијата биле најмногу заинтересирани за дискестата структура, со чија помош нишките од пајажината се држат за гранките на дрвјата и други предмети.

Обично, пајажината се состои од два вида влакна, чиишто хемиски состави и фунцкии многу се разликуваат. „Ловечките“ влакна се направени од „мека“ разновидна свила, која се прилепува на жртвата и не ѝ дозволува да избега од мрежата на ловецот. Структурните компоненти на нишките се состојат од особено  издржливи варијации на свилата, а главната задача е да ја издржи тежината на пајакот, на неговите жртви и на самата пајажина.

Биолозите откриле дека „нозете“ на ловечките и структурни пајажини се оставени од истите супстанции коишто ја формираат основата на пајаковата свила, но тие се значително различни според својата структурата.

На пример, дискестите фиксирања во структурните нишки се сплетени од силни влакна во уникатни „загради“. Според научниците, таквата структура е невозможно да се оддели од површината, влечејќи ја за нишките од пајажината и притоа таа да не се оштети.

Од друга страна, ловечките конци се потпираат на гранките од дрвјата со „дрвенесто“ ткаење. Овие „ноженца“ содржат, на пример, осум пати помалку цврсти елементи, отколку конците колку што реално се залепени на земјата.

Ова води до тоа ловечките нишки многу лесно да се одвојуваат од површината, ако врз нив се урне или стапне пленот на пајакот. Кога таквата нишка ќе биде отсечена, таа се заплеткува околу идната жртва на пајакот и ја подигнува во вис со што ја прави лесен плен за осумножниот ловец.

Дхиноџвала и неговите колеги ја анализирале структурата на различните „дрвенести“ плетки и дошле до заклучок дека бројот на влакната во „ногата“ ја определуваат таа сила којашто мора да се примени за да се искине пајажината. Очигледно, пајакот може да ја плете својата ловечка мрежа за фаќање жртви со релативно голема или мала тежина, со менување на бројот на нишките во „ногата“ на мрежата.

Научниците се обиделе да ги произведат двата вида „нозе“ на пајажината користејќи најлонски конци и ленти. Двете конструкции, и „заградестите“ и „дрвенестите“ краци на ловните нишки, малку се разликуваат по својата јачина, како и вистинските компоненти на пајажината.

Биолозите претпоставуваат дека овие структури може да се искористат во инженерството и во индустријата. Според нив, системот за прицврстување со контролирана и точно позната јачина ќе бидат полезни во многу области.

Вашингтон, 03.10.2012 (Макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: