Асад одбил мирно решение на сирискиот конфликт

Сирискиот претседател Башар ал-Асад одби предлог на високи функционери судирот во земјата да биде решен на мирен начин, по убиството на неговите најблиски соработници во напад на бунтовниците во јули.

Поранешниот сириски премиер кој пребегна на страната на опозицијата, Ријад Хиџаб, кој во август избега од државата, за телевизијата Al Arabia вели дека убиството на министерот за одбрана Давуд Раџа и неговиот заменик Асеф Шефкат, шура на претседателот Башар ал-Асад во бомбашки напад врз главниот штаба на сириските безбедносни сили во главниот град Дамаск, го навел на заклучокот дека сирискиот конфликт не може да се реши со воени средства.

Хиџаб додава дека се сретнал со други високи функционери, меѓу кои и потпретседателот на Сирија, Фарук ал-Шар, челниците на парламентот и на владеачката Баат партија со кои се согласиле дека претседателот Асад треба да го убедат да започне преговори со опозицијата.

„Башар тоа мазно го одби, отфрли каков и да е разговор со опозицијата, внатре и надвор од земјата, и рече дека нема да разговара со опозицијата којашто не е патриотска и којашто е вооружена“, тврди Хиџаб.

„Тоа претставуваше шок за сите нас и ја напуштивме претседателската палата. Ја загубив сета надеж, особено во неколкуте следни денови, кога Слободната сириска армија зема контрола над 70 отсто од Алепо“, додава поранешниот сириски премиер.

Дубаи, 03.2012 (Макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: