ЗА ПАНДИШПАН
300 г брашно
100 г кокосово брашно
200 г шеќер
10 лажици масло
400 мл млеко од соја со вкус на ванила
1 прашак за печиво
1 ванилен шеќер
1 лажиче екстракт од ванила
50 г рендано чоколадо
ЗА ФИЛ
500 мл млеко од соја со вкус на ванила
200 г шеќер
100 г мелени ореви
2 пудинга од ванила
1 лажица мед
1 лажиче екстракт од ванила
130 г маргарин на собна температура
100 г чоколадо
ЗА УКРАСУВАЊЕ
100 г чоколадо
кокосово брашно
зелена и црвена прехранбена боја
Во сад измешајте ги сите суви состојки, па додадете ги маслото и млекото од соја. Измешајте ја смесата и нанесете ја во намрсена и набрашнета тркалезна тава бр 26. Печете 30 минути на 180 степени.
Изладете го пандишпанот покриен со крпа и исечете го на половина.
По половина од млекото и шеќерот ставете во тенџере на оган. Во преостанатото млеко размешајте ги пудингот и преостанатиот шеќер. Додадете ги во тенџерето, непрекинато мешајќи варете додека се згусне пудингот и тргнете од оган. Додадете ги медот и екстрактот, промешајте и изладете.
Маргаринот пенесто изматете го. Додадете ги пудингот, растопеното и изладено чоколадо и оревите и изматете го филот.
На послужавник ставете ја првата кора пандишпан, попрскајте ја со малку млеко од соја и премачкајте ја со околу 1/3 од филот. Ставете ја втората кора пандишпан, попрскајте ја со млекото и премачкајте ја тортата со преостанатиот фил.
Декорирајте со фил, кокосово брашно измешано со прехранбени бои или според ваш вкус.