Внимателно со пораките после првиот состанок!

Loading...

Впечатокот што ќе го оставите после таа вечер, не е доволен за да направите личноста која ви се допаѓа да мисли на вас. Убаво би било да се заблагодарите со СМС за убавиот провод. Сепак погрешно напишана порака може многу лесно да ве извади од игра…

Според некои истражувања, најтешко е да се испрати порака. Според нив, на луѓето им требаат околу 6 минути за да напишат порака во која се заблагодаруваат за убавата вечер.

Правописните грешки и излитени фрази можат многу лесно да ја ‘оладат’ врската. Партнерите исто така не сакаат да претерате со пораките, па да испратите втора се додека не ви вратиле на првата,како и претерана употреба на smiley.

Статистиката покажува дека, повеќе од 60% од мажите ги испраќаат своите пораки прво на пријателите за проверка. Низ овие маки поминуваат мажите, бидејќи повеќе од половина од жените очекуваат мажите да бидат оние кои ќе ја испратат првата СМС порака. Повеќе не е важен првиот впечаток што ќе го оставите, туку пораката која ќе ја испратите после тоа…

Некогаш важеше непишаното правило дека, треба да поминат три дена од првиот состанок за да се јавите. Сега новитетите со мејлови и пораки доведе до тоа, писмената комуникација да биде клучна за иднината на една врска.

Експертите укажуваат на 5 правила за успешна СМС порака после првиот состанок:

Пораките мора да го заморуваат и треба да бидат привлечни. Не покажувајте силни емоции. Обидете се да најдете симпатичен начин да и кажете на личноста на која и праќате порака, колку ви е мило што сте ја сретнале…и ништо повеќе од тоа.

Бидете таинствени. Не мора да одговарате на секоја порака бидејќи така личноста на која и ја праќате пораката ќе ја цени секоја која ќе му ја испратите.

Не користете Facebook статуси за пораки. Не мора да го известувате во секое време што правите и со кого сте. Оставете ја личноста малку да се замисли за вас.

Праќајте по една порака, и чекајте трпеливо да ви возвратат на неа. Немојте да паничите ако не ви вратат веднаш! И никогаш не праќајте порака во која прашувате дали ја добиле пораката што претходно сте ја испратиле.

Бидете забавни! Вашите пораки не мора да бидат вицкасти, но сепак внесете доза на духовитост, бидејќи со тоа ќе и докажете на личноста на која и пишувате, дека имате смисла за хумор. Интересните пораки имаат поголем ефект од сериозните. Освен тоа, помалку ќе се вцрвените ако ја покажете пораката на некој пријател…

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Статии кои ви ги препорачуваме:

3 работи кои мажите ги очекуваат од една жена

Откриена формулата за успешен брак

Колку минути трае идеалниот секс?

loading...
Loading...