Dire Straits – Love over gold – еден од најзначајните на Дајар Стреитс

Еден од најзначајните албуми на Дајар Стреитс е секако Лав овер голд (Dire Straits – Love over gold). Исполнет со долги инструментали, често е коментиран како експериментирање на бендот со прогресивен рок..
Private investigations, композиција која е составен дел на албумот беше објавена како прва песна во Европа и го постигна второто место на топ листите во Британија.
А во САД прв синг беше Industrial disease, кој го постигна 75тото место на Билборд топ 100…
Во таа 1986 албумот беше продаден само во Европа во 4.4 милиони примероци.
Сите песни се напишани од лидерот на бендот Марк Кнофлер.
Ние мислиме дека вечерва може да ве опушти и ако се препуштите целосно на слушање ќе уживате комплетно. Пробајте. Заменете го силното темпо на денот со нешто сосема различно. А можете да го препорачате и на свои блиски за кои знаете дека уживаат во квалитетен рок.
 

Пронајдете не на следниве мрежи: