Најмалку 40 студенти убиени во масакрот во Нигерија

 Бројот на студенти кои се убиени во студентскиот дом во градот Муби  во североисточна Нигерија, каде непознати напаѓачи пукале во жртвите, а потоа им ги пресекле вратовите, се зголеми на 40, соопшти во среда службеник од училиштето.

„Врз основа на податоците на локалните власти, во вчерашниот напад се убиени најмалку 40 лица“ рече неименуван извор од Политехничкото училиште во градот Муби, пренесува АФП, потсетувајќи дека претходниот биланс беше 26 жртви.

Засега нема официјални коментари за нападот кој се случи во студентскиот дом во близина на кампусот на Политехничкото училиште, само неколку дена по големата операција против екстремистичката група Боко Харам во овој град.

Неименуван професор на Политехничкото училиште рече дека напаѓачите пред да ги убијат, барале од студентите да кажат како се викаат, но сè уште не е јасно зошто некои се убиени, а некои поштедени, а меѓу жртвите имало и муслимани.

Муби е град во државата Адамав, во која живеат и муслимани и христијани, а се граничи со државата Борно, каде припадниците на екстремистичката исламска група Боко Харам во 2009 година покренаа бунт.Оваа група засега не ги коментирала нападите во Муби. Војската во Нигерија минатата недела во рација во Муби уби еден од водачите и уште 35 припадници на оваа група и уапси 156 екстремисти.

Припадниците на Боко Харам се борат за воспоставување на шеријатскиот закон во Нигерија, а во нападите оваа година се убиени повеќе од 1.000 луѓе 

 Мак Факс 

 Бунтовниците убија повеќе од 17 жители на сириско село во Холмс

 Над 20 лица загинати во серија бомбашки напади во Ирак 

 Заљубен крадец oграбил цвеќара за да и поклони ружи на девојка му

Пронајдете не на следниве мрежи: