Сирија ја гранатираше Турција, Турција веднаш возврати-на повидок нова војна

Како одговор на сириските гранати што беа испукани врз турскиот град Ака-кале на границата на Сирија, турските воени сили денес попладнево ја гранатираа Сирија.

При сирискиот напад убиени биле пет турски граѓани, додека девет биле ранети. Турција по неколку часа одговориле со гранатирање на повеќе локации во Сирија.

Таип Реџеп Ердоган, турскиот премиер, се закани на Сирија со нови напади, доколку Сирија возврати на контра-нападот.

Поради судирот кој денеска се случи помеѓу Турција и Сирија и поради членството на Турција во Нато, веднаш бил одржан итен состанок со останатите земји-членки. Според аналитиките на дипломатите, НАТО по ниедна цена не сака да влезе во војна со Сирија.

Но доколку продолжат воените акции против Турција, Северноатлантската алијанса нема да има друг избор освен да интервенира.

Пронајдете не на следниве мрежи: