650 г искршени бисквити
350 г толчени ореви
400 г шеќер
200 мл млеко
200 г чоколадо
150 г маргарин
2 јајца
100 мл ликер по вкус
250 г чоколадни трошки
Во тенџере на оган ставете ги млекото, шеќерот, и маргаринот и чоколадото исечени на парчиња. Откако состојките ќе се растопат во млекото тргнете го тенџерето од оган. Додадете ги бисквитите, оревите и јајцата, и мешајте со лажица додека смесата не се соедини.
Откако малку ќе се подизлади со раце натопени во ликер од смесата формирајте топчиња со големина на орев. Свалкајте ги во чоколадните трошки и ставајте ги во хартиени корпички.
Пронајдете не на следниве мрежи:


