Хрватска се простува од Борис Шпрем

Претседателот на хрватскиот парламент Борис Шпрем во четвртокот со највисоки државни почести ќе биде погребан на гробиштата Мирогој, во Загреб. 

Посмртните останки на Шпрем од рано изутрина се изложени во капелата на загребските гробишта и таму ќе бидат изложени до 11.30 часот за кога е предвидено и се очекува пристигнувањето на семејството на починатиот спикер на хрватскиот Сабор како и целиот државен врв на Хрвстска.

Последната желба на Шпрем била церемонијата да ја води загрепскиот бискуп Мијо Горски, а на самата церемонија свое обраќање ќе имаат и премиерот, Зоран Милановиќ, како и претседателот на државата Иво Јосиповиќ.

Борис Шперм почина на 30-ти септември 2012 во медицинскиот центар за лекување рак Андерсон во американскиот град Хјустон, каде што од 23-ти август се лекуваше од исклучителен малиген облик на мултиплег мелом, рак на кожата. И покрај интензивната терапија, од центарот известија дека дошло до влошување на ситуацијата со откажувње на виталните функции кај 57-годишниот хрватски политичар.

Шпрем во април годинава беше опериран во клиничкиот центар во Загреб од рецидив на меломот, кој ја зафаќа плазмата на клетките на крвта.

Тој беше избран за претседател на парламентот во 2011 година, по победата на опозициската коалиција предводена од неговата Социјалдемократска партија.

Шпрем беше пратеник на СДП во минатиот парламент на Хрватска, а од 2009 до 2011 година беше претседател на загрепскиот Градски совет. Во минатото извршувал повеќе политички и советнички функции.

Загреб, 04.10.2012 (Макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: