Албанското знаме завртено наопаку на прес конференција во Атина

Албанското знаме било завртено наопаку, односно двоглавиот орел бил свртен надоле, на прес конференција во Атина, по средбата меѓу албанскиот министер за надворешни работи Едмонд Панарити и неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос. 

Медиумите во Тирана остро реагирале на ова.

Прашањето околу воспоставувањето на Морската спогодба меѓу Грција и Албанија останува отворено и тој проблем ќе се решава според Уставите на двете земји и меѓународните конвенции.

Ова го изјави албанскиот министер за надворешни работи, Едмонд Панарити по средбата со неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос во средата во Атина.

Медиумите во Албанија коишто известуваа од средбата во Атина јавија дека двајцата министри се согласиле да има континуитет во разговорите за поделбата меѓу морските води меѓу Албанија и Грција.

Според извештаите на медиумите, албанскиот министер за прв пат на билатералните средби меѓу двата соседи го покренал прашањето за правата на Чамите (Албанците) кои живеат во Грција и нивните имоти, но Аврамопулос одбил да одговори на ова прашање нагласувајќи дека грчкото малцинство во Албанија и албанските имигранти во Грција се елемент повеќе за добрососедството.

Тирана 04.10.2012 (Макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: