250 г тортелини со вкус на сирење
1 главица кромид
200 г сечкан свински врат
300 г сечкани шампињони
500 мл неутрална павлака
200 г рендан кашкавал
2 парчиња топено сирење
прстофат морско оревче
прстофат лук во прав
масло, сол и мелен црн пипер
50 г рендан пармезан
1 лажичка оригано
Тортелините варете ги во зовриена посолена вода околу 15-тина минути и исцедете ги.
Во тава со загреано масло испржете го исечканиот кромид. Додадете го свинскиот врат и кратко запржете.
Во друга тава испржете ги шампињоните, и додадете ги во тавата со кромидот и свинскиот врат. Потоа додадете ја павлаката и динстајте околу 5 минути. Додадете ги кашкавалот и топеното сирење, и повремено промешувајќи варете додека се растопат. Посолете и наросете црн пипер. Додадете лук во прав и морско оревче, промешјате и тргнете го сосот од оган.
Исцедените тортелини ставете ги во подлабок сад и врз нив нанесете го сосот. Наросете со пармезан и оригано.