3 моќни и ефикасни вежби кои за 30 дена го отстрануваат целулитот

Велат дека 98% од жените страдаат од целулит, а покрај нездравата исхрана и генетиката, експертите тврдат дека и лошата циркулација е една од причините за овој проблем. Еден од најдобрите фитнес реквизити, кој успешно се бори против целулитот е фитнес валјакот.
Популарниот „foam roller“, влијае на мускулните влакна и отстранување на завршните точки (чворови), што овозможува подобра циркулација на крвта низ телото.
Со комбинацијата на специфични вежби, голема количина на вода и регулирана исхрана, веќе после еден месец ќе можете да кажете дека овој валјак ви го променил целото тело и ве ослободил од целулитот!
Ова се трите најдобри вежби, кои треба секојдневно да ги повторувате за да ги постигнете посакуваните резултати:
Масирање на колковите
Ако имате проблем со наслаги на горниот дел од колковите, ова е вистинска вежба за вас. Седнете на под, подигнете го задникот, а „foam roller-от“, поставете го точнот под задникот и над горниот дел од колковите. Потпрете се на рацете и подигнете го телото. Почнете да го туркате своето тело горе-долу такашто валјакот ќе остане на подот.

Hip-roll
Ова е одлична вежба која може да му застане на пат на целулитот од колковите. Легнете на десната страна, а „foam roller-от“ ставете го под десниот колк, додека вашата десна нога е исправена. Свиткајте го левото колено и ставете ја левата нога на рамна површина. Исправете ја денсата рака и почнете со подигнување на горниот дел од телото. Повторете ја оваа вежба 10 пати, а потоа повторете го процесот и со левата нога.
Против целулит на задникот
Значи, ако сакате да ги намалите наслагите од задникот, еве го вистинскиот потег! Седнете на „foam roller-от“, ставете ги дланките зад телото за рамнотежа, а петите на под. Свртете ги колената на десната страна, а потоа мрдајте се со колковите и колената налево. Повторете 10 пати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.