3 грешки во кариерата кои можат да ви го уништат угледот

Дали некогаш сте погрешиле на работа? Секако дека да, сите некогаш сме направиле нешто што не требало и тоа е во ред. Грешките на работа се неизбежни, но понекогаш истите можат да ни предизвикаат големи проблеми.
Овие три грешки во кариерата не треба да ги правите, бидејќи можат да ви го уништат угледот:
Да добиете отказ (и да лажете за тоа)
Губењето работа е погубно, бидејќи може да биде показател за лошо работење или лошо однесување. Овие две работи веднаш се поврзуваат со зборот „отпуштен“, затоа е јасно зошто тоа би им наштетило на луѓето.


Без оглед на ситуацијата, важно е да бидете искрени, а вашата приказна треба да биде конзистентна со приказната на претходниот работодавец.
Доколку не успеете да добиете препорака од поранешниот работодавец, обидете се да добиете препорака од колега или менаџер со кој работевте во друго одделение. Препораките се секогаш важни.
Лоши односи со поранешниот работодавец
Честопати зборуваме и правиме работи за кои жалиме потоа, како давање отказ без најава, што е еден од најчестите начини на оштетување на врската со работодавецот.
Постојат начини да се искупите, доколку сте жртва на сопствениот бес. Признајте ја вашата грешка, бидете понизни и видите дали има нешто што може да се стори за да се поправи ситуацијата.
Испраќање на е-пошта или приватна порака на социјалните мрежи е одличен прв чекор. Но најдобро е да се извините лично, ако е можно.


Романса со надредениот
Ако досега на работа не сте биле погодени од стрелата на Купидон, веројатно сте биле сведоци на неколку романси меѓу колегите.
Јасно е дека не сите романси на вработените водат кон катастрофи во кариерата, но романтичните односи помеѓу менаџерот или надредениот можат да доведат до обвиненија за фаворитизам.
Ова може да ѝ наштети на вашата кариера – особено ако компанијата забранува ваков вид однесување.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.