Раскинувањето никогаш не е лесно, особено ако сте со таа личност долги години. И точно е, на човек му треба одреден период за да размисли за таква одлука, и колку и да сте сигурни во тоа, не е лесно да ја донесете и да ја изговорите на глас.
Иако жените се поемотивни и потешко носат вакви тешки одлуки, особено од ваков вид, љубовните стручњаци велат дека кога жената ќе одлучи дека е готово, дефинитивно е готово.
Ако се сомневате во љубовта на вашата партнерка, побарајте суптилни знаци дека таа се откажува од вас и од врската пред да биде предоцна.
- Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница и трагикомичната анализа на Филипче: „Губите со 2.300 гласа разлика, а се однесувате како да сте победиле“Остри критики кон раководството на СДСМ предизвика партиската анализа за… Read more: Бунт во СДСМ по катастрофата во Брвеница и трагикомичната анализа на Филипче: „Губите со 2.300 гласа разлика, а се однесувате како да сте победиле“
- Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина е уништена, губи територија, нема излез на море – нема повеќе мажи, тие се мртви или осакатени!Американскиот претседател Доналд Трамп ја образложи својата одлука во однос… Read more: Трамп ја брани одлуката за Русија: Украина е уништена, губи територија, нема излез на море – нема повеќе мажи, тие се мртви или осакатени!
- Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулираУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неодамнешните американски потези изгледаат… Read more: Зеленски: САД вршат притисок Украина да капитулира
- Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден криминалец – неговата жртва имаше бугарски пасошАдвокатот Јанаки Митровски, во објава на Фејсбук, ги оспори тврдењата… Read more: Митровски: Михајлов стана Бугарин кога стана осуден криминалец – неговата жртва имаше бугарски пасош
- (Видео) Мицкоски прогласи убедлива победа во Брвеница: „Разликата е над 4 спрема 1, на први ноември одиме на вкупна победа“Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, вечерва прогласи убедлива… Read more: (Видео) Мицкоски прогласи убедлива победа во Брвеница: „Разликата е над 4 спрема 1, на први ноември одиме на вкупна победа“
Не ве вклучува во општествениот живот
Ако порано постојано излегувавте и одевте на вечери со пријателите, а таа веќе не ве кани на заеднички дружења, можеби треба да бидете загрижени. Како што вели „Yourtango“, поминувајќи време со други луѓе ја пополнува празнината што почнала да ја чувствува за вас.
Вашето мислење повеќе не е важно
Некогаш бевте нејзиното безбедно пристаниште, рамо за плачење и првата личност која секогаш ги знаеше нејзините проблеми. Таа често го слушаше и применуваше вашиот совет, но тоа веќе не е така.
Ако се обидете да и кажете нешто корисно и таа брзо „ве исклучи“, јасно и гласно ви кажува дека не и е грижа. Внимавајте оваа реакција да не ве натера да мислите дека е добра работа бидејќи таа презема повеќе работи на себе. Вие сте тим, а тимовите донесуваат одлуки заедно.
Избегнува интимни односи
Во врските, нормално е дека понекогаш има повеќе, а понекогаш помалку страст. И тоа не е ништо страшно. Меѓутоа, доколку забележите дека постојано има главоболка, ја боли стомакот или не е расположена за интимност, обидете се да разговарате за тоа, бидејќи има големи шанси да се отвори и искрено да ви каже за што се работи.



