3 милиони прегледи: Рецепт за домашен леб со кашкавал кој го освои интернетот

Овој лесен рецепт за домашен леб кој навистина посебно изгледа има повеќе од 3 милиони прегледи.
Состојките се лесно достапни, припремата е едноставна, а резултатот е ефектен и вкусен.
Потребни состојки:
За тесто:
– 200 гр. брашно
– 1 јајце
– 20 гр. шеќер
– 4 гр. инстант квасец
– 3 гр. сол
– 80 мл. топло млеко
– 30 гр. путер
За премачкување:
– 1 лажица истолчен лук
– 1 лажичка мајонез
– 1 лажичка шеќер
– млад кромид
– 13 гр. путер

Топинг:
– 140 гр. рендан кашкавал
Начин на припрема:
1. Измешајте ги состојките и оставете ги да нараснат, а потоа формирајте тесто подебело од пица.
2. Ставете го лебот во рерна на 30 Целзиусови степени, еден час.
3. Во еден сад додајте го лукот и помешајте со мајонезот, шеќерот, путерот и ситно сецканиот млад кромид.
4. Направете коцки со нож на површината на тестото, премачкајте ги со мешавината и помеѓу коцките вметнете го изренданиот кашкавал.
5. Печете околу 15 минути на 170 Целзиусови степени или додека не се запече убаво и кашкавалот не се стопи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.