Иако се чини дека е најбрза и најлесна опција кога сте гладни и кога немате многу време, повторното загревање на храната во микробранова печка не е секогаш добра идеја.
Како што пишува „Thehealthy“, експертите предупредуваат дека постојат одредени намирници кои никако не треба да се загреваат во микробранова печка.
Ориз
Британската агенција за храна FSA вели дека загревањето на оризот во микробранова печка може да доведе дури и до труење со храна, бидејќи суровиот ориз содржи бактерии кои можат да преживеат при брзо загревање во микробранова печка.
Откако ќе го извадите и оставите да се излади на собна температура, бактериите се размножуваат.
Варени јајца
Со загревање на варените јајца се создава голема количина на пареа во нив, која нема како да излезе, па лесно може да дојде до експлозија и тоа дури кога ќе ги извадите од микробранова печка. Најдобро би било да не ги загревате, но ако навистина треба, прво излупете ги и исечете ги на помали парчиња.
Сувомеснати производи
Сувомеснатите производи содржат многу конзерванси со цел да траат што подолго, а кога ќе ги загреете, овие конзерванси стануваат уште поштетни за организмот и можат да ја поттикнат оксидацијата на холестеролот.