3 ПРИТАЕНИ СИМПТОМИ НА ДИЈАБЕТЕС

Симптомите на висок шеќер во крвта остануваат незабележани долго време, што го зголемува ризикот од развој на проблеми со срцето или оштетување на нервите. Како што е објаснето во „Vein Clinic UNC Health Care“, најчестите скриени симптоми на висок шеќер во крвта се невообичаено пецкање во различни делови на телото.
Оваа состојба се јавува кога хипергликемијата ги оштетува нервните завршетоци.
Друг знак на болеста е чешање на кожата и долго заздравување на модринки.
“Дијабетесот има многу рани симптоми, а некои се доста нејасни. Ако ги забележите, обидете се да јадете што е можно повеќе храна со малку јаглехидрати, многу протеини и лиснат зеленчук. Избегнувајте пијалоци со шеќер и пијте најмалку два литра вода дневно. Можно е за неколку дена сите овие знаци да исчезнат “, советуваат лекарите.
Експертите, исто така, објаснија дека понекогаш горенаведените симптоми не се поврзани со дијабетес, туку можат да бидат последица на прекумерно внесување на јаглехидрати со кои телото не може да се справи. На пример, пецкање може да биде предизвикано од слаба циркулација на крвта, и чешање предизвикано од алергии или егзема.
Меѓутоа, ако се појават барем два од овие симптоми во исто време, се препорачува да се консултирате со лекар. Ако не се лекува, дијабетесот го зголемува ризикот од срцеви заболувања или мозочен удар, како и проблеми со бубрезите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.