Сигурно многупати досега сте слушнале како луѓето велат дека „времето е драгоцено“. Иако ова е вистина, за жал, повеќето луѓе продолжуваат да го трошат своето време на работи што навистина не се важни или работи кои немаат никаква поврзаност со нивните цели и соништа.
Добрата вест е дека постојат одредени стратегии кои ќе ви помогнат подобро да го организирате вашето време.
3 стратегии за подобро организирање на вашето време
На работа, веројатно сте забележале дека многу луѓе губат драгоцено време бидејќи се неорганизирани. Освен тоа, многумина губат време во пребарување информации на интернет или гледање на најновите серии на Нетфликс. Социјалните медиуми се исто така огромен убиец на времето. На пример, сурфањето во времетраење од еден час дневно на социјалните мрежи е еднакво на 15 денови од вашата година. За тоа време, можете да научите како да медитирате или да почнете со усовршување на одредени вештини кои можат да придонесат за вашиот професионален развој. Слободното време е исто така идеално за учење нови работи преку книги, видеа и курсеви.
Поставување приоритети
За среќа, не е воопшто тешко да научите како да управувате со времето. Првото нешто што треба да го разберете е како да им дадете приоритет на вашите задачи и одговорности. На пример, што е првото нешто што секогаш го правите кога почнувате со работа? Можеби е проверката на вашите мејлови? Сепак, тоа не е најпродуктивниот почеток на работниот ден. Наместо тоа, треба да ги посветите првите 5-10 минути од вашиот ден правејќи листа на задачи и проекти што треба да ги завршите. Откако ќе ја направите вашата листа, ќе знаете кои задачи се важни, а кои не.
Кога го правите ова секој ден, ќе забележите четири позитивни работи:
1.Секогаш ќе ги исполнувате роковите
2.Ќе бидете продуктивни
3.Ќе имате контрола врз вашето време
4.Ќе бидете опуштени и ослободени од стрес
Време и финансии
Повеќето луѓе избираат да се фокусираат на пари, обидувајќи се да заработат колку што можат повеќе наместо да се фокусираат на времето. Меѓутоа, ако размислите за тоа ќе сфатите дека единственото нешто што не можете да го вратите назад е времето. Не заборавајте дека времето ни е ограничено, така што искористете го најдобро како што знаете и умеете.
Квалитет наспроти квантитет
Како го живеете животот зависи од тоа како го поминувате вашето време. Со други зборови, начинот на кој го поминувате секој момент влијае врз начинот на кој го живеете вашиот живот. За подобро да се фокусирате на вашето време, поставете си ги овие прашања:
Колку време од денот го поминувате во лутина и вознемиреност?
Колку време дневно поминувате уживајќи со саканата личност?
Колку време дневно поминувате правејќи нешто во кое не уживате?
Обидете се да се анализирате себеси преку овие стратегии и ќе увидите дека со нивна помош ќе научите подобро да го контролирате вашето време, ќе бидете попродуктивни дома и на работа и ќе бидете посреќни и позадоволни од кога било досега.