3 здравствени проблеми од кои можете да се ослободите со помош на млад лук

Младиот лук е богат со витамини и минерали и има благотворно дејство врз организмот. Бидејќи е богат со витамини Ц и К, лукот ги зајакнува и ги штити коските, но помага и во справувањето со разни болести. Благодарение на антивоспалителните својства, младиот лук помага во борбата со габичните инфекции, стресот и заморот. Погледнете кои заболувања можете да ги излечите со млад лук.
3 здравствени проблеми од кои можете да се ослободите со помош на млад лук
1. Воспалено грло
Исечкајте го зелениот дел од лукот на мали парчиња и додајте рендан ѓумбир и сол. Ставете ги состојките во крпа и загрејте ја. Замотајте ја смесата во уште една крпа и држете ја како облога на воспаленото подрачје.


2. Отоци на нозете
Зелениот дел од младиот лук варете го неколку минути. Изматете го со блендер, а по потреба додајте и малку вода за да добиете паста. Со добиената смеса намачкајте ги отечените нозе.
3. Затнат нос
Изгмечете го зелениот дел од младиот лук, а со добиениот сок натопете памук. Ставете го памукот на носот и на подрачјето на синусите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.