Базалниот метаболизам започнува да се намалува по 40-та, нивото на естроген се намалува како и васкуларната еластичност.
Сето ова го отежнува губењето на телесна тежина и го зголемува ризикот од разни болести. Но, малите промени во секојдневната исхрана можат да помогнат да го одржите своето тело здраво и полно со енергија.
Авокадо
Ова овошје со карактеристичен, неутрален, путерест вкус, спаѓа во категоријата суперхрана затоа што содржи мноштво хранливи материи кои го поттикнуваат доброто здравје.
Во 100 грама авокадо има 160 калории, 9 грама јаглехидрати, 7 грама растителни влакна, 2 грама протеини и 15 грама мононезаситени масни киселини. Тие придонесуваат во функционирањето на дигестивниот систем, намалување на крвниот притисок, намалување на вкупниот холестерол со зголемување на чувството на ситост, со што се ограничува потребата за јадење неколку часа потоа.
Грав
Гравот е многу хранлива намирница и тоа се гледа во фактот што се наоѓа во основата на медитеранската пирамида, односно спаѓа во намирници кои треба често да ги консумирате. Важен извор на протеини е, витамини и растителни влакна. Исто така е богат со антиоксиданти, минерали, како калциум, железо, калиум, како и слободни незаситени масни киселини.
Киноа
Целите зрна, како што е киноата, обезбедуваат есенцијални витамини, минерали и растителни влакна, кои помагаат во регулирање на дигестивниот систем и одржување на чувството на ситост што подолго во текот на денот. Киноата има повеќе протеини од другите житарици и е комплетен протеин, што значи дека ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини кои на телото му се потребни.